Прилепското архијерејско намесништво — едно од четирите архијерејски намесништва на Преспанско-пелагониска епархија на МПЦ-ОА. Соборната црква на Прилепското архијерејско намесништво е црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп. Намесништвото се состои од преку 25 парохии и околу 200 цркви.[1] Архијерејски намесник е протојереј Влатко Ристески (сос. 2022).