Променлива ѕвезда од типот на Гама Златна Рипка
вид променлива ѕвезда From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Променлива ѕвезда од типот на Гама Златна Рипка — вид променливи ѕвезди чија сјајност се колеба поради нерадијалните пулсирања на нивната површина. Ова обично млади ѕвезди во главната низа, од ран тип F или доцен тип A, со типични колебања од 0,1 величини во периоди во рамките на еден ден. Класата е релативно нова, воведена во втората половина на 1990-тите, а физичката причина за промените продолжува да се иследува.
Ѕвездата 9 Кочијаш првпат е забележана како променлива во 1990 г. Меѓутоа, за неа не одговарало ниедно од дотогашните образложенија: пулсирала премногу бавно и лежела вон појасот на нестабилност на Делта Штит (δ Sct); немало наоди од затемнувачки материјал, иако забележана е сличноста на Гама Златна Рипка и HD 96008.[1] Овие три ѕвезди, заедно со HD 224638, набргу поттикнале претпоставка дека се работи за нова класа на променливи ѕвезди чија променливост се должи на пулсирања на g-начин наместо пулсирањата на p-начин кај променливите од типот на Делта Штит.[2] Утврдена е и сличноста помеѓу HD 224945 и HD 164615, додека пак HD 96008 е изземена поради нејзиниот поредовен период.[3] Набргу како причинители на променливоста на Гама Златна Рипка се исклучени затемнувањата и ѕвездените дамки,[4] а по една година за променливоста на 9 Кочијаш е потврдено дека е предизвикана од пулсирања на g-начин, со тоа втемелувајќи ги овие ѕвезди како прототипни на нова класа.[5] Набргу се најдени уште десет кандидати,[6] па откривачите со тоа ги нарекле ѕвезди од типот на Гама Златна Рипка (γ Dor-променливи), откако е увидено дека најсјаниот и првиот член се променливи.[7]
Remove ads
Список
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads