Пророк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во религијата, пророк е човек кој го сретнал натприродното или божественото и служи како посредник со луѓето.[1]

Пророци постоеле во многу култури низ историјата, вклучувајќи ги религиите христијанство, јудаизам, пророкот Заратустра во Персија, пророчиштето Делфи во Стара Грција, потоа во исламот, и во многу други. Традиционално, на пророците им се припишува улога на доносители на промените кои зависат од пораките што ги носат. Епитетот „пророк“ е субјективен, бидејќи оној што од едни се смета за пророк, од други може да се смета за лажен пророк. Кон крајот на XX век, епитетот „пророк“ се ставал на некој кој е успешен во анализата на економските ситуации, или на оние кои ги коментираат кризите во општеството.
Германскиот философ Фридрих Ниче, пророците ги нарекува „мелези на болестите и на волјата за власт“.[2]

Remove ads
Пророкот како тема во уметноста и во популарната култура

- „Пророци“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[3]
- „Пророк“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[4]
- „Двајцата пророци. Проба на гласот“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[5]
- „Монолог за Касандра“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[6]
- „Пророчко око“ (англиски: The Prophets Eye) — песна на американската рок-група Бед брејнс (Bad Brains) од 1986 година.[7]
- „Пророци за гневот“ (Prophets Of Rage) - песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1988 година.[8]
Remove ads
Белешки
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads