Просеченска базилика
ранохристијанска црква кај Просечен, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Просеченска базилика (грчки: Βασιλική της Προσοτσάνης) — ранохристијанска црква кај селото Просечен, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Remove ads
Местоположба
Базиликата е сместена крај патот Просечен – Горенци, на 2 км источно од средновековната црква „Св. Пантелејмон“.[1]
Архитектура
Црквата датира од V - VI век. Внатрешните димензии изнесувале 15,40 × 22,70 м. На исток има полукружна апсида со траги од мозаичен под. На запад има припрата и влезот кон наосот е широк 1,70 м. Во околината се откриени столбови и натписи со релјефни и вајарски украси. Во југозападниот агол на градбата е окриен голем ќуп во кој се чувало масло или вино.[1]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads