Протезилај
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Протесилај или Протезилај (старогрчки: Πρωτεσίλᾱος) — јунак во старогрчката митологија, првиот грчки воин кој бил убиен под ѕидините на Троја. Тој бил син на Ификло и Астиоха и брат на Подарг. Кога погинал во Тројанската војна, неговата жена Лаодамија ги замолила боговите да ѝ дозволат само три часа да поразговара со мртвиот сопруг. Боговите ѝ дозволиле и Хермес го вратил Протесилеј од светот на мртвите. Кога изминало предвиденото време и Протесилеј морал да се врати во подземниот свет, со него отишла и неговата верна жена.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads