Протоплазма
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Протоплазмата е живата содржина на клетката. Нејзиното име е изведено од грчкиот збор protos, што значи прв. Протоплазмата е специјална материја која не се содржи во неживата природа. Неа ја сочинуваат многубројни органски и неоргански материи. Од органските најважни се белковините и нуклеинските киселини, а од неорганските водата и минералните материи. Сите овие материи на еден специфичен начин се поврзани во одделни системи, како клеточната мембрана, органелите и гликокаликсот кај животните, со што на протоплазмата и даваат особеност на живот. Протоплазмата има заеднички својства, било да се содржи во клетката на растението, животното, монерата, габата или протистата.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads