Пурало

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пурало
Remove ads

Пуралопештера кај селото Слатина, Поречко.[1] Таа се наоѓа од левата долинска страна на реката Треска, во долината на Слатинска Река, поточно во близина на составот на Марковска Река и Крушеска Река од чии води се формира текот на Слатинска Река. Отворот на пештерата се наоѓа на н.в. од 580 метри, или околу р.в. од 30 м од левата страна на долинското дно на Марковска Река. Пошироката пристапност на овој спелеолошки објект е мошне поволна во споредба со поголемиот број на пештери во Македонија. Самата пештера се наоѓа во атарот на селото Слатина (маало Марковци). Во близина на пештерата минува регионалниот пат Скопје - Македонски Брод - Кичево. Потесната пристапност на пештерата Пурало не е многу поволна. Од асфалтираниот пат во должина од околу 500 м постои пешачка патека, а од тука до отворот на пештерата има карпест отсек кој со помал напор може да се совлада. Околниот простор е целосно пошумен со жбунеста вегетација чиј главен претставник е зелениката која пак од своја страна негативно влијае врз забележливоста на отворот од пештерата Пурало. Пештерата Пурало се вбројува во редот на правите пештери, во групата на речни пештери. Според разгранетоста на пештерските канали, пак, припаѓа на типот сложени пештери бидејќи се одликува со сложена разгранетост на каналите кои се распоредени на две нивоа.

Кратки факти Пурало, Место ...
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads