РК Вардар Неготино
македонски ракометен клуб From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
РК Вардар Неготино — ракометен клуб од Неготино, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во македонската супер лига.
Remove ads
Историја
Вардар Неготино бил основан во 2011 година од страна на ракометните работници Тоде Кузманов и Драган Сукара. Во 2011 година, потпомогнат од страна на осигурителната компанија „Кроација Осигурување“, клубот започнал да работи со пионери, а од 2013 година започнал да се натпреварува во системот на натпреварувања на Ракометната федерација на Македонија во младинските категории.[1]
Во сезоната 2017/18, клубот премиерно започнал да се натпреварува во македонската прва лига и завршил на четвртото место на табелата. Следната сезона, Вардар Неготино бил првопласиран во втората група од првата лига, но во плеј-оф разигрувањето завршил на 5. место.
Вардар Неготино за прв пат успеал да избори пласман во македонската супер лига во сезоната 2021/22, завршувајќи на четвртото место во плеј-оф разигрувањето во првата лига, откако претходно бил првопласиран во групата А во регуларниот дел.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads