Дубровник

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дубровникmap
Remove ads

Дубровник — град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички одредишта во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија. Според податоците од пописот во 2011 година, Дубровник имал 42.615 жители. Во 1979 година, градот Дубровник бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Кратки факти Dubrovnik, Град Дубровник Grad Dubrovnik ...

Просперитетот на градот во текот на историјата се темелил врз основа на поморската трговија, како главен град на поморската Република Дубровник, постигнувајќи висок степен на економски развој, особено за време на 15 и 16 век кој бил единствениот град-држава на источниот дел од Јадранско Море, конкурирајќи на Република Венеција во трговијата. Градот бил еден од седиштата на развојот на српско-хрватскиот јазик и литература, и во градот живееле и твореле голем број на значајни писатели, сликари, математичари, физичари итн.

Remove ads

Историја

Thumb
Старото пристаниште и историскиот центар на Дубровник

Во античко време Дубровник бил населен од илирското племе Далмати. Според делото De Administrando Imperio (ок. 950) на Константин Порфирогенит, Рагуза била основана во 7ми век, и била наречена според еден карпест остров Лауса, од страна на бегалци од Епидаурум, римски град кој се наоѓал 15 kм (49,000 ст) јужно, кога тој бил уништен во борбите помеѓу Словените и Аварите.[2]

Remove ads

Дубровник како тема во уметноста и во популарната култура

Дубровник се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads