Радијална брзина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Радијална брзина
Remove ads

Радијална брзинабрзината на објект што се приближува кон или оддалечува од набљудувачот по права линија. Во астрономијата, радијалната брзина најчесто се однесува на спектроскопска радијална брзина. Ова е радијалниот дел на брзината на изворот при зрачење и набљудувачот при набљудување, што се утврдува со спектроскопијата. Астрометричката радијална брзина е радијалната брзина што се утврдува со астрометрички испитувања (на пример. постепена промена во годишната паралакса)[1].

Thumb
Планета како кружи околу ѕвезда, менувајќи ѝ ја местоположбата и брзината како што кружат околу заедничкото тежиште (кое тука е упатна точка)

Светлината што доаѓа од објект со значителна релативна радијална брзина во зрачењето подлежи на Доплеровиот ефект, така што честотата на светлината се намалува кај објектите што се оддалечуваат (црвено поместување), а се зголемува кај објектите што се приближуваат (сино поместување).

Радијалната брзина на една ѕвезда или друг оддалечен сјаен објект може да се измери со високорезолутивен спектар и споредба на измерените бранови должини на познати спектрални линии со брановите должини измерени во лабораторија. Позитивната радијална брзина укажува на тоа дека растојанието помеѓу објектите се зголемува (или се зголемувало), а пак негативната значи намалување на растојанието.

Кај многу двојни ѕвезди, орбиталното движење обично предизвикува варијации во радијалната брзина од неколку километри во секунда. Спектрите на овие ѕвезди се менливи поради Доплеровиот ефект, и затоа се нарекуваат спектроскопски двојки. Радијалната брзина се користи за проценка на масите на ѕвездите и некои орбитални елементи, како занесувањето и голема полуоска. Истиот метод се користи за утврдување на присуството на планети околу ѕвездите. Со мерење на движењето се утврдува орбиталниот период на планетата, додека добиената големина на поместувањето служи за пресметка на долната граница на масата на таа планета. Методите на радијална брзина самите по себе може да ја утврдат само долната граница, бидејќи големите планети што орбитираат под многу голем агол во однос на видната линија радијално ја реметат нивната ѕвезда колку што тоа го прави помала планета со орбитална рамнина на видната линија. Предложено е дека вака пресметаните планети со големо орбитално занесување подражаваат два планетни система со кружни или речиси кружни резонантни орбити.[2]

Remove ads

Спореба

Thumb
Методот на радијална брзина за пронаоѓање на вонсончеви планети се заснова на утврдувањето на варијации во брзината на средишната ѕвезда. Овие варијации се јавуваат поради промената на насоката на гравитациската влеча од (невидена) вонсончева планета како што кружи околу ѕвездата. Кога ѕвездата се движи кон нас, спектарот претрпува сино поместување, а кога се оддалечува од нас, претрпува црвено пометување. Редовно гледајќи го нејзиниот спектар можеме да ја мериме нејзината брзина. Ако се движи од време-на време, тоа значи дека има придружник.
Повеќе информации Планетарна маса, Опис а.е. ...

Навод:[3]

За ѕвездите од тип MK со планети во животопогодниот појас

Повеќе информации Ѕвездена маса (M☉), Сјајн. (L0) ...

Навод:[4]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads