Ражи
надред риби From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ражи (науч. Batoidea) — надред ‘рскавични риби со многу зарамнето тело. Таа е роднина на ајкулата. Пекторалните перки на повеќето ражи се развиени во широки, рамни и криловидни додатоци, прикачени од двете страни на главата. Животното плива со брановидно поместување на овие крила. Повеќето ражи имаат тенки и камшичести опашки. Очите и спиракулумите се сместени на врвот на главата, а устата и жабрените цепнатинки се на долната страна. Многу ражи живеат на дното на океанот, лежејќи како килими на него; други го населуваат пелагијалот (погорните водни слоеви). Оние ражи кои живеат на дното дишат така што земаат вода низ спиракулумите (а не низ устата како повеќето риби), и ја пропуштаат низ жабрите. Ражите се хранат со најразлични помали животни; цврстите, заоблени заби на многу видови се адаптирани за кршење на черупките на полжавите и школките.
Remove ads
Видови на ражи и таксономија
Ражите се поделени во седум фамилии. Најголеми се мантите, наречени и ѓаволски ражи (од семејството Mobulidae). Овие се пелагиски форми кои можат да тежат до 1360 кг, со ширина од 7 m. За разлика од другите ражи, мантите се исхрануваат со филтрирање на водата. Електричните ражи или торпеда (семејството Torpedinidae) имаат електрични органи на нивните крила кои генерираат електрично струење кое се користи за имобилизација на пленот, како и за одбрана. Електричниот поток е доволно силен за да го осетат луѓето, и веројатно Старите Грци ги користеле овие риби за шок-терапија. Вистинските ражи (Rajidae), кои некогаш се ловат како храна, живеат на дното и имаат речиси дисковидна форма на телата и кратки опашки; некои видови имаат електрични органи во нивните опашки. Боцкашите (Dasyatidae) имаат редови од боцки на нивните опашки кои инаку се многу подолги отколку нивните тела. Боцкашот задава рани на друг организам со замавнување на опашката; отровот кој се содржи во боцките може да е фатален за луѓето. Повеќето од орловите ражи и лилјаковидната ража (семејството Mylobatidae) имаат само една отровна боцка на опашката. Гитарестите ражи (Rhinobatidae) се ајкуловидни по форма, и поседуваат добро развиени опашки кои се користат за пливање и помали пекторални перки отколку повеќето ражи; но, перките се прикачени, како кај сите ражи, над жабрите. Пилоносните ражи (од семејството Pristidae) се слични во телесната форма, но имаат долги и рамни рилки со редици од забовидни проекции на секоја страна. Некои видови достигнуваат вкупна должина од 6 m, со рилки долги 1,8 m и 30 cm широки.
Remove ads
Размножување и распространување
Оплодувањето е внатрешно кај ражите. Повеќето се вивипарни, но вистинските ражи несат зарамнети, правоаголни јајца, затворени во кожни черупки. Празните черупки од овој тип се наоѓаат на плажите и се познати како сиренини чанти. Повеќето фамилии на ражи имаат космополитско распространување во тропските и суптропските морски води; некои се наоѓаат и во умерени и ладни води. Некои ражи можат да живеат во соленкасти води и естуари, а пилоносците навлегуваат во слатите води (реки и езера).
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
