Ракета (локомотива)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ракета (локомотива)
Remove ads

Ракета (изворно англ. Rocket) е една од првите парни локомотиви, конструирана во 1829 година од страна на англискиот изумител Џорџ Стивенсон.

Кратки факти Ракета Rocket, Погон ...
Thumb
Експонат во Научниот музеј во Лондон.

Општоприфатено било дека Стивенсоновата „Ракета“ е првата парна локомотива. Но вистината е дека првата парна локомотива поставена на шини е изградена од Ричард Тревитик 25 години порано, но не со финансиски успех како Стивенсоновата „Ракета“.

Локомотивата „Ракета“ на некој начин е еволуција, но не и револуција. Овој пронајдок сигурно може да се постави на пиедесталот на прва модерна парна локомотива, со повеќе иновации, кои од тогаш се употребуваат како стандард во парните локомотиви. За првпат се употребува повеќе-цевчен бојлер, кој ја подига делотворноста на трансферот помеѓу издувните гасови и водата. Биле инсталирани 25 цевки со пречник од 76,2 mm (3 инчи). Цилидрите од традиционалната вертикална положба ги поставува под агол од 35°.

Во 1829 година на натпреварот на пругата на релацијата ЛиверпулМанчестер, која е за првпат со сите потребни сигнализации, неговата „Ракета“ постигнува дотогаш најголема брзина од 30 милји на час или 48,28032 километри на час и можност да повлече товар од 13.000 килограми.
По постигнатиот успех во работилницата во Њукасл се изградени уште педесеттина парни локомотиви од овој вид, подобрувајќи ги нивните техничките одлики, како спуштање на цилиндарот на само 8°, доближувајќи се со тоа кон денешните стандарди.

Официјалното отворање на железничката линија се случува скоро една година подоцна, на 15 септември 1830, кога првата употреба на парната локомотива „Ракета“ е проследена и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хаскисон.

Remove ads

Поврзано

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads