Расна чистота

From Wikipedia, the free encyclopedia

Расна чистота
Remove ads

Расна хигиена или расна чистота — збир на државни политики во раниот дваесетти век според кои на одредени лица им било дозволено да имаат потомство, а на други не, со цел промовирање на одредени одлики кои се сметале за особено пожелни. Најзначајниот пример на сеопфатно спроведување на расна хигиена е Нацистичка Германија, но слични политики се спроведувале и во други земји во Европа и Северна Америка.

Thumb
Меѓународна изложба за чистота, 1911 промотивен постер
Thumb
Постер за Конгресот за чистота во Хамбург, 1912

Концептот на расна „чистота“ го развил Артур де Гобинау. Тој сметал дека расата ја создава културата и дека „нечистите“ раси, односно „мешање на раси“ води кон хаос. Расната хигиена историски се поврзува со традиционалните претстави за јавно здравство, но обично со нагласок на наследството. Френсис Галтон во 1869 година се обидел да основа статистичка наука за наследувањето со цел да охрабри доброволна грижа при изборот на партнери, а во 1883 година го вовел терминот „евгеника“ за да го опише. На почетокот на 20 век еугеничкото движење ги прифатило идеите на Менделовата генетика и промовирала негативна евгеника, на пример присилна стерилизација за спречување неподобните да раѓаат деца. Така евгениката била злоупотребена со цел да се легитимизираат политики на расна хигиена.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads