Раја

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Раја[1][2] (од арап. رعايا‎‎[ra`aya], множина од арапски: رعيّة [ra`iya]; османски турски: رعايا; турски: râya или турски: reaya) — припадници на нижата класа на османлиското општество кое плаќало даноци, за разлика од аскерот (вишата класа) и кулата (робовите). Рајата сочинувала повеќе од 90% од општото население на милетските заедници. Во муслиманскиот свет, раја буквално значи поданик на влада или владетел. Раја (буквално „припадници на стадото“) вклучувала христијани, муслимани и Евреи кои биле оданочувани за поддршка на државата и придружната „професионална османлиска“ класа.[3]

Меѓутоа, како и во тогашната и во современата употреба, поимот се однесувал на немуслиманското население, кое уште се нарекувало зими.[4] [5] [6] Зборот понекогаш погрешно се преведува како „стока“ наместо „стадо“ или „поданик“ за да се нагласи понискиот статус на рајата.

Во ранот Османлиско Царство, членовите на рајата немале право на воена служба, но од крајот на 16 век, муслиманската раја го добила ова право, за жал на некои од владејачките класи.[7]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads