Рајко Јовчевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Рајко Јовчевскимакедонски писател за деца и преведувач[1][2].

Животопис

Рајко Јовчевски е роден во с. Луково, Струшко на 23 февруари 1937 година.[2]. Во родното место го завршил основното образование, во Битола завршил средно земјоделско училиште, а потоа дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на групата југословенска книжевност.[2] Бил уредник во списанието за деца „Развигор“ и во редакцијата „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“.[2] [3] Член на ДПМ од 1969 година.[4]

Remove ads

Творештво

Автор е на книгите:[2].

  • Еден малечок свет (поезија, 1967),
  • Зад ридот изворче (раскази, 1972),
  • Златното фенерче на летото (поезија, 1973),
  • Тивко шумолат брезите (поезија, 1983),
  • Грда пролет во глувите ридишта (раскази, 1985),
  • Сказна за Горанчо (сликовница, 1986),
  • Трите златни соништа (сказни, 1986),
  • Артисти напред (драмски текстови, 1988),
  • Кога ќе процветаат девојчињата (поезија, 1989),
  • Глувото зрно и големиот ум(сказна, 1990),
  • Амор од Катино (роман, 1991),
  • Изворче од спомени (раскази, 1992),
  • Кула од копнежи (роман, 1993),
  • Една друга љубов (роман, 1994),
  • Сказни (1996),
  • Клап, клап, клап (брзозоборки, 1997),
  • Трите осамени глувчиња (сликовница, 1997),
  • Танцувајте куклички (драмски текстови, 1999)
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads