Рајна-Лана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рајна-Лана (герм. Rhein-Lahn-Kreis) — округ во источниот дел на покраината Рајнска област-Пфалц, Германија. Се граничи со окрузите (од север, надесно) Вестервалд, Лимбург-Вајлбург, Рајнгау-Таунус, Мајнц-Бинген, Рајна-Хунсрик, Мајен-Кобленц и безокружниот град Кобленц.

Remove ads
Историја
Со Виенскиот конгрес, подрачјето било припоено кон војводството Насау. Во 1866 Насау ѝ припаднало на Прусија, па така во 1867 е создаден административниот регион Висбаден, и во негов состав окрузите Рајнгау и Унтерлан. Во 1885 округот Рајнгау бил претворен во округот Санкт Гоарсхаузен. Во 1969, двата округа се споени, образувајќи го округот Рајна-Лана.
Географија
Како што може да се забележи од името, во округот течат две значајни реки. Рајна ја исцртува границата на запад, чија тесна долина е насадена со винова лоза. Реката Лана тече низ северниот дел на округот, па се влева во Рајна кај Ланштајн. Југот се одликува со ридест терен, и низ него се протега венецот Таунус.
Населени места
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads