Рајсија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рајсија („мал корен“) е дестилиран алкохолен пијалак со потекло од југозападниот дел на мексиканската држава Халиско. Како текилата и мескалот, тој е производ на растението агаве.

Рајсија е традиционален пијалак со околу 300 години историја и заштитена деноминација на потекло.[1] Неговата арома и вкус потекнуваат од видот на агава и се карактеризираат со почвата, топографијата, климата, водата, производителот, квасецот и други фактори. Рајсија е безбојна кога созреава во стакло или жолтеникава кога е созреава во дрво.
Remove ads
Процес
Рајсијата се дестилира во рудиментирани казани за дестилирање алкохол од ферментирана каша од централното стебло на растението агава. Кашата се готви бавно, а пареата се кондензира на бакарен конус, ладена, традиционално, со изворска вода. За да се направи литар Рајсија потребни се 10 кг агава. Многу различни видови на агави се користат за производство на Рајсија.[2] Обично е повеќе од 100 степени пред да се додаде вода. Рајсија може да се класифицира во различни видови врз основа на процесот на стареење и регионалните сорти. Тука спаѓаат млада или Ховен Рајсија, која е бистра и непосреден резултат по дестилацијата; зреена во стакло; репосадо, зрееена во дрвени контејнери; Ањехо, одлежено во дрвени буриња повеќе од дванаесет месеци; и Абокадо, со состојки како билки, овошје и цвеќиња. Дополнително, има двојно дестилирана Рајсија, која е ексклузивна за занаетчиски или традиционални процеси. Видовите на Рајсија по регион се Рајсија де ла Коста и Рајсија де ла Сиера, секој со различни профили на вкус.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads