Резовска Река

From Wikipedia, the free encyclopedia

Резовска Рекаmap
Remove ads

Резовска Река, Резова Река, Резваја (бугарски: Резовска река, Резова река, Резвая) или Мутлудере турски: Mutludere) — река на крајниот југоисток на Бугарија и најсеверниот дел на (европска) Турција. Тече низ бугарскиот природен парк „Странџа“.

Кратки факти Резовска Река, Местоположба ...

Реката е долга 112 км и извира на турската страна на масивот Странџа под името „Паспалдереси“ (Paspalderesi). Тече на исток, го одминува селото Паспалово и доаѓа меѓу двете земи, исцртувајќи ја државната граница[1] сè до вливот во Црното Море кај селото Резово, Општина Царево. Ова е најјужната точка на бугарскиот црноморски брег и најсеверната точка на турска страна, како и најјугоисточната точка на Бугарија[2]. Долга е 112 км, и по речиси целото течение ја исцртува границата меѓу Бугарија и Турција и најсеверната на Источна Тракија. Сливното подрачје на Резовска Река опфаќа 738 км2, од кои 555 км2 ѝ припаѓаат на Турција. Најдолга притока е Велика.

Remove ads

Спор

Границата кај устието на реката била предмет на помал територијален спор помеѓу двете земји кој е разрешен во 1992 г. (ратификуван од Бугарија во 1998 г.). Согласно постигнатата спогодба, Бугарија добила неколку квадратни километри земја на Резовскиот Залив, а за возврат на Турција ѝ припаднала извесна водна површина во континенталниот праг.

Поврзано

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads