Ретем (Алер)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ретем (службено познат како Ретем (Алер); германски: Rethem или Rethem (Aller)) — мал град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Алер, околу 25 километри југозападно од окружниот град Бад Фалингбостел и 18 километри југоисточно од градот Ферден.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Ретем/Алер.
Remove ads
Географија
Местоположба
Ретем се наоѓа на реката Алер, во рамки на туристичката областа долина на Алер/Лајне. Во околината се наоѓаат помеѓе стари ракави на реката Алер, кои денес се користат како мали езерца за бањање.
Градски единици
Кон градот Ретем покрај самиот град припаѓаат и местата:
- Ретем-Мор
- Штекен
- Волендорф
Историја
Градот бил место на тешки борби во периодот 10-11 април 1945 година помеѓу единиците на британската војска и делови на германската војска со тешки загуби од обете страни. Повеќето германски војници не биле постари од 23 години.
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 13 избрани членови. На општинските избори од 2016 година биле добиени следниве резултати:[2]
Збратимени градови
Ретем е збратимен со следниве градови:[3]
Колчиглови, Полска (од 2005 г.)
Знаменитости
- Замок Ретем, денес повторно изграден (од 2004 г.) како културен дом
- Брегот на Алер со парк од скулптури
- Градското собрание
- Воденицата Боквинд
- Градската црква „Св. Богородица“
- Спомен-плоча за борбите на мостот на Алер во Втората светска војна
- Поглед на улицата пред црквата
- Воденицата Боквинд
- Замок Ретем
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads