Ретровирус

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ретровирус
Remove ads

Ретровирус — тип на РНК-вирус кој внесува копија на својот геном во ДНК-та на клетката-домаќин, со што го променува геномот на таа клетка.[1] Откако ќе навлезе во цитоплазмата на клетката-домаќин, вирусот го користи сопствениот ензим реверзна транскриптаза за да создаде ДНК од сопствената РНК, процес којшто е обратен од вообичаениот, од каде доаѓа името ретро (наназад). Новата ДНК потоа се инкорпорира во геномот на домаќинот со помош на ензимот интеграза. Домаќинот ја третира вирусната ДНК како дел од сопствениот геном, се врши транскрипција и транслација на вирусните гени заедно со сопствените, и се создаваат белковини потребни за составување на нови копии на вирусот.

Thumb
Шематски приказ на ХИВ вирус, инфицирање на клетка и создавање на нови вирусни честички
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads