Ретроним
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ретроним – нов збор или израз создаден за да се означи стар предмет или мисла чие првично име почнало да се користи за нешто друго, или кое повеќе не е единствено.
Создавањето на ретроним генерално е последица на напредокот на технологијата.
Историја на зборот
Зборот „ретроним“ е неологизам што го создал Франк Манкиевич во 1980 година, а го популаризирал Вилијам Сафир во Њујорк тајмс магазин.
Примери на ретроними
Често кога некое дело добива продолжение кое дели дел од неговиот оригинален наслов (на пример, дополнет со број 2), оригиналното дело го добива бројот 1 иако истиот не постоел при неговото создавање.
На ист начин, кога некоја компанија развие варијанта на некој производ, името на оригиналниот производ може да стане име на серијата.
Remove ads
Примери на ретронимски придавки
- акустичен: ги означува музичките неелектрични инструменти кои немаат потреба од засилувач (акустична гитара).
- аналоген: ги означува недигиталните системи (аналоген часовник, аналоген запис).
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads