Реченица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Реченица е исказ во природните јазици. Реченицата е често објаснета како граматичка категорија која содржи еден или повеќе зборови кои имаат минимална синтаксна врска со зборовите кои следат или претходат. Реченицата може да вклучи група зборови кои може да искажат исказ, прашање, извик, заповед, наредба или предлог.[1]

Според правописната терминологија, реченица се дефинира како сè што се наоѓа меѓу големата буква (почетокот на реченицата) и точката (крајот на реченицата).[2] Реченицата може да содржи службени и полнозначни зборови. Речениците се разликуваат во зависност од природата на јазикот, па така, некои реченици во некои јазици имаат интонација, акцент и сл. Во повеќето јазици речениците се класифицираат според главниот глагол. Помала единица од реченицата е дел-реченицата.

Remove ads

Класификација

Класификација според структура

Според структурата, речениците може да бидат:

  • проста реченица - реченица составена од една независна реченица.
  • сложена реченица - реченица составена од една независна и од најмалку една зависна реченица.
  • независносложена реченица
  • зависносложена реченица

Класификација според употреба

Според употребата/ намената, речениците може да бидат:

  • потврдна реченица
  • прашална реченица
  • одредна реченица
  • прашално-одречна реченица
  • извична реченица
  • заповедна реченица
Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads