Рејлиев закон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рејлиев закон ― го опишува однесувањето на феромагнетните материјали на ниски полиња.
Феромагнетните материјали се состојат од магнетни домени. Кога се применува мало надворешно поле , домените напоредни со надворешното поле почнуваат да растат. Во овој регион, ѕидовите на доменот се движат. Тие се попречени од материјални дефекти. Лорд Рејли прв го истражувал ова[1] и ја пресметал магнетизацијата како линеарен и квадратен член во полето:
каде, со е означена почетната магнетна чувствителност, опишувајќи го реверзибилниот дел од вртењето на магнетизацијата. Рејлиевата константа ги опишува неповратните скокови на Бархаузен.
Рејлиевиот закон е изведен теориски од страна на Луј Неел.[2][3]
Истиот закон ја опишува поларизацијата[4] и директниот[5] и обратниот[6] пиезоелектричен одговор на некои фероелектрични и фероелектрични- фероеластични материјали. Заедничка карактеристика за феромагнетните, фероелектричните и фероеластичните материјали (т.е. фероични материјали) се домени чии граници (ѕидови на доменот) може да се поместуваат со магнетни, електрични или механички полиња.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads