Рејнов синдром

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рејнов синдром
Remove ads

Рејнов синдром, исто така познат како Рејнов феномен, наречен по лекарот Огист Габриел Морис Рејно, кој прв го опишал во својата докторска теза во 1862, претставува медицинска состојба при која спазам на малите артерии предизвикува намален проток на крв во помалите артериоли.[1] Вообичаено зафатени се прстите на рацете, а поретко прстите на нозете.[1] Ретко се зафатени носот, ушите, или усните.[1] Епизодите класично резултираат со тоа што зафатениот дел станува бел, а потоа син.[2] Често се јавува вкочанетост или болка.[2]

Thumb
Рака на пациент со Рејнов синдром.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads