Рибарски кули

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рибарски кулиmap
Remove ads

Рибарските кули (унгарски: Halászbástya) е бастион составен од кули и тераса, изградени во неоготика и неокласицизам, сместени на западниот брег на реката Дунав, на ридот Замок во Будимпешта, околу црквата Св. Матијаш. Кулите биле дизајнирани и изградени од 1895 до 1902 според планот на Фригис Шулек. Помеѓу 1947–48 синот на Фригис Шулек, Јанош Шулек, извршил реставрација на проектот бидејќи во Втората светска војна за малку ќе бил уништен.

Thumb
Една од седумте кули на рибарскиот комплекс.

Од кулите и терасата има панорамски поглед на Дуна, островот Маргит, Пешта на исток и ридот Гелерт.

Седумте кули ги претставуваат седумте унгарски племиња кои се населиле во Панонската низина во 896 година.

Бастионот го има добиено своето име според рибарите кои го одбраниле овој дел од градот во средниот век. Освен терасата има и многу скали и неколку патчиња.

Бронзена статуа на Иштван I на коњ била, извајана во 1906 година може да се види помеѓу бастионот и црквата Св. Матијаш Тротоарот е направен од страна на Алајос Стробл, заснован на плановите на Шулек во неокласицистички стил, со епизоди кои го прикажуваат животот на унгарските кралеви.

Бастионот рибарски кули е сместен на: 47°30′6″N 19°2′6″E.

Remove ads

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads