Ридот (Белица)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ридот — археолошко наоѓалиште во поречкото село Белица. Претставува населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола. Се наоѓа на северната периферија на селото, на високо плато оградено со ридови, на простор од околу 300 × 200 м, каде по површината на нивите се наоѓаат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. На североисточниот крај од наоѓалиштето се откриени некропола и темели од мала старохристијанска црква. Гробовите се градени од големи камени плочи и имаат насоченост исток-запад. Најдени се голем број монети од кои дваесетина се кај месен жител на селото. Две од монетите се ковани во времето на Александар Македонски, една во Пела, а останатите се од III-IV век.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads