Риза (град)

град во Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Риза (град)map
Remove ads

Риза (германски: Riesa) — град во округот Мајсен, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Елба, околу 40 километри северозападно од Дрезден.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Риза (град) во рамките на округот Мајсен ...

Првиот 110 киловолтен далновод во светот бил пуштен помеѓу Риза и Лаухамер во 1912 година.

Риза има 25 метри висока железна скулптура на дабово стебло, именувано „Изворот на Елба“ (Elbquelle), од Јерг Имендорф. Многу жители на Риза, скулптурата ја нарекуваат „’Рѓосан даб“ (Rostige Eiche), бидејќи личи ‘рѓосана.

Thumb
Црква Света Троица

Во градот Риза има две познати цркви. Црквата Света Богородица потекнува од 1261 година, како додаток на бенедиктански манастир. Црквата Света Троица била подоцна изградена, завршена во 1897 година.

Риза е исто така позната по Erdgasarena, голема сала, која била домаќин на европското првенство во сумо-борење во октомври 2003 и светското првенство во октомври 2004.

Риза е добро познат по неговата паста, која е произведувана од Teigwaren Fabrik Riesa. Друг симбол на Риза е „Riesaer Zündhölzer“, кибритчиња кои традиционални се произведуваат тука.

Познат жител на Риза е поранешниот фудбалер Улф Кирстен. Риза има фудбалски клуб, TSV Stahl Riesa. Грбот на клубот е син и бел, како и боите на клубот.

Во текот на 1980-тите, Риза бил седиште на деветтата тенковска дивизија на советските сили во Германија.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads