Рикардо Волф

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рикардо Волф
Remove ads

Рикардо Волф (оригинално Ричард Волф; исто така Рикардо Лобо Субирана, 1887-февруари 1981) бил пронаоѓач, дипломат и филантроп роден во Германија. По емигрирањето во Куба, тој служел како нејзин амбасадор во Израел. Во подоцнежниот живот тој и неговата сопруга останале во Израел, каде што ја основале Фондацијата Волф.

Кратки факти Рикардо Волф, Роден(а) ...
Remove ads

Раните години

Рикардо Волф е роден во Хановер, Германија, во 1887 година. Тој бил едно од 14-те деца родени од татко Мориц Волф, столб на еврејската заедница во тој град.

Пред Првата светска војна, Волф емигрирал од Германија во Куба, која станала негов втор дом. Во 1924 година, тој се оженил со Франциска Субирана, тениска шампионка од 1920-тите.

Подоцнежни години

Долги години, Рикардо Волф и неговиот брат Зигфрид Волф работеле на развој на процесот за враќање на железото при процесот на топење. На крајот, неговиот изум бил успешен и се користел во фабриките за челик ширум светот, што му донело значително богатство. 

Волф му дал морална и финансиска поддршка на Фидел Кастро на почетокот на кубанската револуција . Рикардо Волф бил почитуван за неговата непоколеблива поддршка и бидејќи биле свесни за неговата личност и природен талент како дипломат, кубанскиот лидер му ја понудил функцијата министер за финансии но Волф одбил. Потоа Кастро одговорил на барањето на Волф и во 1961 година го назначил за кубански амбасадор во Израел .

Волф ја држел оваа функција до 1973 година, годината кога Куба ги прекинала дипломатските врски со Израел. По откажувањето од дипломатската функција, Волф решил да остане во Израел, каде ги поминал последните години.

Во 1975 година, Рикардо Волф ја основал Фондацијата „Волф“. Волф наградата се доделува од 1978 година од страна на Волф фондацијата. Наградата Волф се доделува во шест области: земјоделство, хемија, математика, медицина, физика и награда за уметност која годишно ротира помеѓу архитектура, музика, сликарство и скулптура. Секоја награда се состои од диплома и 100.000 америркански долари.

Во февруари 1981 година, Рикардо Волф починал во неговиот дом, во Херцлија, Израел.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads