Рик (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рик (германски: Ryck) — река во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во Германија.
Од нејзиниот извор близу Бартмансхаген, дел од општината Зидерхолц, североисточно од Гримен, Рик тече околу 28 километри на исток, пристигнувајќи во Грајфсвалд кратко пред нејзиното устие. Поголемиот дел од реката, надвор од Грајфсвалд, е исто така познат и нарекуван како Рикграбен (Ryckgraben). Во Грајфсвалд, на Рик се наоѓаат две средновековни ханзеатски пристаништа и природни солани, кои поради ниската височина, хиперсолената вода на Балтичкото Море е носена во реката преку ветрот, поплавувајќи ги долните делови на северниот брег на Рик.
Во развиениот среден век, Рик бил јужна граница на Кнежевството Риген и северна граница на Грофовијата Гицков. Западно од Грајфсвалд, Рик се вливал во Болтенхегенер Тајх (Boltenhägener Teich), средновековно езеро.
Старото ханзеатско пристаниште во Грајфсвалд сега е бродски музеј на отворено.
Remove ads
Галерија
- „Ливади близу Грајфсвалд“ на Каспар Давид Фридрих, 1820 (насликувајќи ја областа користена за вадење сол)
- Старото пристаниште во центарот на Грајфсвалд, погледнато од мостот Штајнбекер
- Старото пристаниште во центарот на Грајфсвалд, погледнато од пешачки мост
- Стариот мост во Грајфсвалд-Вик
- Устието во Грајфсвалд-Вик
- Карта на средновековен Грајфсвалд која го прикажува Болтенхегенер Тајх (Boltenhäg(en)er Teich) и вливот на Баберов (Baberow), обете денеска повеќе не постојат.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads