Римски цар
владетел на римската држава From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Римскиот цар (цар) — владетел на Римското Царство за време на царскиот период (што започнал околу 27 г. п.н.е.). Во почетокот Рим имал само еден владетел, но во подоцнежниот период многумина себеси се нарекувале цареви. Римјаните немале единствен термин за управувањето со државата: латинските титули како цар (imperator) , август, цезар и принцепс биле меѓусебно поврзани. Во практика, царот бил врховен владетел на Рим и врховен командант на римските легии.
Во теоријата, во Рим кој бил Република (res publica), царот имал статус на primus inter pares - прв меѓу еднаквите. Оваа правна фикција станувала сè повеќе бесмислена како што царот ја зацврстувал својата моќ. Сепак, таа била одржувана, барем со церемонијален карактер, до самиот крај на Римското Царство. Западното Римско Царство ја доживеа својата пропаст во 476 г., додека Источното Римско Царство во 1453 година.
Remove ads
Список на римските цареви
Ова е дел од списокот на раните римски цареви во периодот во кој владееле[1]:
Јулиевско-клавдиска династија
Доцноклавдиска династија
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads