Римски приказни

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

„Римски приказни“ (италијански: Racconti Romani) — збирка раскази на италијанскиот писател Алберто Моравија од 1954 година.

Содржина

Збирката ги содржи следниве раскази:[1]

  • Не истражувај
  • Двојник
  • Комедијант
  • Возач на камион
  • Мислител
  • Акрепи
  • Совршено злостроство
  • На сила силеџија
  • Пропаст на човештвото
  • Пријатели без пари
  • Бу, бу, бу
  • Несреќен човек
  • Тарзановата одмазда
  • Ромоло и Ремо
  • Болничарка
  • Богатство

За збирката

Збирката „Римски приказни“ се темели врз два елементи: прецизната слика на објективниот свет се соединува со егзистенцијалните и моралните проблеми на целата епоха. Затоа, неговите раскази се длабоко „римски“ и истовремено не се само „римски“. Од сведочењето за посебното тие преминуваат во сведоштво за општото, т.е. низ моралните, сентименталните и општествените проблеми на поединецот тие зборуваат за духовната пустош на една цела цивилизација, која е во знакот на конвенциите, формалностите и конструкциите. Неговиот стил е одраз на пластичноста на фантазијата, но и интимен јазик на мудроста и на зрелоста на интелектот. Ликовите во книгата се луѓе од крв и од месо, но и симболи, т.е. претставници на одделни делови од неговиот систем на идеи.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads