Рио Гранде

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рио Грандеmap
Remove ads

Рио Гранде — река што тече низ САД и Мексико.

25°57′22″N 97°8′43″W
Кратки факти Земји, Подрачје ...

Извирајќи од планините Сан Хуан во јужно Колорадо, петта, според должината, река во Северна Америка тече низ Ново Мексико до Тексас. Од Ел Пасо до Браунзвил на делтата на Рио Гранде, реката означува граница долга 2000 км меѓу Тексас и Ново Мексико. Напојувана од изворите што се наоѓаат под покриените со снег полиња на Сан Хуан, Рио Гранде тече источно по должината на кањон обраснат со борова шума, а потоа свртува јужно во Ново Мексико каде реката ја врежала клисурата Рио Гранде во кањонот Бела Карпа. Средниот тек е во област во која се редат басени и планини, опкружувајќи ги планините Сан Андреас пред спуштањето низ три големи кањони, длабоки над 450 м, до заливската низина на крајбрежјето. Во САД овие кањони се во составот на националниот парк Биг Бенд. Бидејќи многу вода е пренасочена за потребите за наводување, Рио Гранде бавно тече низ крајбрежата низина до Мексиканскиот Залив. Толкаво количество вода од реката е пренасочено од својот природен тек, така што за време на долгите периоди без дожд се случува реката во делтата да се пресуши.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads