Рицинус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рицинус или морски коноп (Ricinus communis) е вид на скриеносеменици од семејството на млечки. Тој е единствениот вид од монотипниот род и подплемиња. Еволуцијата на рицинусот и неговата врска со другите видови во моментов се проучуваат со користење на современи генетски методи.[1]
Несродниот растителен вид кој има сличен изглед е познат како лажен рицинус-лажно рицинусово растение.
Remove ads
Размножување
Рицинусот се размножува со мешан полинационен систем кој претпочита самооплодување по пат на геитоногамија, но исто така може да се вкрстува анемофилно или ентомофилно.[2]
Распространетост
Рицинусот потекнува од југоисточниот дел на средоземниот слив, Источна Африка и Индија, но е широко распространет и низ тропските предели (и се одгледува на многу други места како украсно растение).[3]
Употреба
Семето на рицинус е извор на рицинусово масло, кое има многу примени. Семето содржи помеѓу 40% и 60% масло кое е богато со триглицериди, претежно рицинолеин. Семето исто така содржи и рицин, токсин кој е растворлив во вода, кој е исто така присутен во помали концентрации во сите делови на растението.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads