Ричард Харис

ирски глумец и пејач (1930–2002) From Wikipedia, the free encyclopedia

Ричард Харис
Remove ads

Ричард Сент Џон Френсис Харис (англ. Richard St John Francis Harris; 1 октомври 1930 – 25 октомври 2002)[1] ― ирски глумец и пејач. Харис бил познат по улогите во филмовите: Ваков е спортскиот живот (1963), Снежна гуска (1970), Поле (1990), Непростено (1992) и Гладијатор (2000), како и по неговата изведба на Албус Дамблдор во првите два дела од серијалот „Хари Потер“.

Кратки факти Ричард Харис, Роден(а) ...

Добил многу признанија, меѓу кои и награда од Канскиот филмски фестивал за најдобар глумец, а во 1968 година бил номиниран за Греми за изведбата на песната "MacArthur Park". Во 2020 година, списанието The Irish Times го ставило на 3-то место на списокот од „Најголеми филмски глумци од Ирска“.[2]

Remove ads

Рани години и образование

Ричард Харис бил роден на 1 октомври 1930 година, во Лимерик,[3][4][5] како еден од осумте деца во католичко семејство. Бил школуван од Исусовци на колеџот Кресент во Лимерик. Бил талентиран рагби играч и се натпреварувал со неколку екипи за Кресент,[6] но спортската кариера на Харис била прекината откако во тинејџерските години заболел од туберкулоза. По закрепнувањето, се преселил во Лондон каде што го продолжил образованието на Лондонската академија за музички и драмски уметности (LAMDA).

Remove ads

Кариера

1959–1963: Први филмски улоги и пробив

Харис неговото филмско деби го имал во 1959 година во филмот Alive and Kicking. Настапувал во многу претстави во британските театарски кругови и добивал споредни улоги во филмови.

Имал запазена улога во филмот Топовите од Навароне (1961). За неговата улога во филмот Бунт на бродот Баунти (1962), и покрај тоа што бил практично непознат за филмската публика, Харис, наводно, инсистирал на трет по висина надомест, зад Тревор Хауард и Марлон Брандо, глумец на кој многу му се восхитувал. Сепак, Харис се скарал со Брандо поради неговото однесување за време на продукцијата на филмот.

Првата главна улога Харис ја имал во филмот Ваков е спортскиот живот (англ. This Sporting Life) (1963). За улогата, Харис ја освоил наградата за најдобар глумец во 1963 година на Канскиот филмски фестивал и бил номиниран за Оскар. Следувала главна улога во италијанскиот филм, Црвена пустина од Микеланџело Антониони (1964). Филмот ја освоил наградата Златен лав на Венецијанскиот филмски фестивал.

Харис добил понуда да го поддржи Кирк Даглас во британскиот воен филм, Хероите од Телемарк (1965), во режија на Ентони Ман, каде го глумел норвешкиот водач на отпорот. Го глумел Каин во филмот од Џон ХјустонБиблија: На почетокот... (1966). Поуспешен на кино-благајните бил Хаваи (1966), во кој Харис глумел заедно со Џули Ендрјус и Макс фон Сидов.

1967–1971: Подем на популарноста

Ричард Харис и Дорис Де ги имале главните улоги во романтичната шпионска комедија, Каприц (1967), во режија на Френк Ташлин. Потоа Харис го глумел кралот Артур во филмската адаптација на театарскиот мјузикл Камелот (1967)

Во Моли Мегваерс (1970), играл детектив кој се инфилтрира во организација предводена од Шон Конери. Филмот лошо поминал на кино-благајните. Сепак, Човекот по име Коњ (1970), со Харис во главната улога, англиски аристократ од 1825 година, кој е заробен од Индијанците, бил голем успех. Ја играл насловната улога во филмот Кромвел во 1970 година заедно со Алек Гинис како кралот Чарлс I.

Во 1971 година, Харис глумел во филмот Снежна гуска, по сценарио од Пол Галико. Добил Златен глобус за најдобар филм снимен за ТВ и бил номиниран за БАФТА и за Еми.[7] Неговото режисерско деби го имал со филмот Блумфилд (1971).

1973–1981: Истакнат глумец

Thumb
Харис во Орка

Харис глумеше во два трилера: 99 и 44/100% мртов (1974) и Југернаут (1974). Имал камео-појавување како Ричард Лавовско Срце во филмот „Робин и Меријан“ (1976), а потоа глумел во „Враќањето на човекот по име Коњ“ (1976). Харис глумел во „Преминување на Касандра“ (1976), Гуливер во делумно анимираниот „Гуливеровите патувања“ (1977) и „Орка“ (1977).

Thumb
Харис и Џени Агутер во Снежна гуска (1971)

Во Холивуд се појавил во „Последниот збор“ (1979), потоа ја поддржал Бо Дерек во „Тарзан, човекот-мајмун“ (1981). Снимил филм во Канада, Твојот билет веќе не важи (1981) по кој следел друг канадски филм, Highpoint, кој бил толку лош што не бил објавен неколку години.

1980–1988: Пад на популарноста

Извесно време во 1980-тите, Харис се повлекол на Бахами, каде што се откажал од навиката за пиење и прифатил поздрав начин на живот. Ефектот бил видлив; се вратил на успешната кариера со успехот во театарската претстава Камелот и моќната изведба во серијата на Вест Енд на Хенри IV од Пирандело.[8]

Во текот на неколку години во доцните 1980-ти, Харис работел на неговата биографија со ирскиот писател Мајкл Фини Калан, која била објавена во 1990 година. Филмски улоги во овој период имал во: Победите на човекот по име Коњ (1983), Денот на Мартин (1985), Ударни командоси 2 (1988), Кралот на ветрот (1990) и Mack the Knife (1990). Ова укажува на опаѓање на неговата популарност за која Харис му рекол на неговиот биограф, Мајкл Фини Калан, дека е „целосно помирен со тоа“.

1989–2002: Филмска ѕвезда и последни улоги

Во јуни 1989 година, режисерот Џим Шеридан на Харис му ја дал главната улога во Поле (англ. The Field), напишана од ценетиот ирски драматург Џон Б. Кин. Главната улога на „Бикот“ Мекејб требало да ја игра поранешниот глумец од театарот Аби, Реј Меканали. Откако Меканали ненадејно починал на 15 јуни 1989 година, на Харис му била понудена улогата на Мекејб. Поле бил објавен во 1990 година и на Харис му донел втора номинација за Оскар за најдобар глумец. Загубил од Џереми Ајронс за Reversal of Fortune. Во 1992 година, Харис имал споредна улога во филмот Патриотски игри. Имаше добри улоги во Непростено (1992), Пријателите на Ернест Хемингвеј (англ. Wrestling Ernest Hemingway)(1993) и Тивок јазик (англ. Silent Tongue) (1994). Ја играл насловната улога во Авраам (1994) и ја имал главната улога во Cry, the Loved Country (1995).

Харис глумел во два филма кои ја добиле наградата Оскар за најдобар филм: Непростено (1992) и како римскиот цар Марко Аврелиј во Гладијатор од Ридли Скот (2000). По Гладијатор, Харис ја играл споредната улога на Албус Дамблдор во првите два филма за Хари Потер: Хари Потер и Каменот на мудроста (2001) и Хари Потер и Одајата на тајните (2002),[9] кој бил негова последна филмска улога.[10] Харис го глумел Абе Фарија во филмската адаптација од Кевин Рејнолдс на Грофот од Монте Кристо (2002). Филмот Каена: Пророштво (2003) му бил посветен постхумно, затоа што го позајмил гласот на ликот Опаз пред неговата смрт.

Remove ads

Музичка кариера

Харис снимил неколку музички албуми, од кои еден, A Tramp Shining, ја содржел седумминутната хит-песна „MacArthur Park“ (Харис инсистираше да ја пее текстот како „MacArthur's Park“).[11] Оваа песна била напишана од Џими Веб и се искачила на второ место на американската топ-листа Билборд Хот 100. Исто така, била на врвот на неколку музички топ-листи во Европа во текот на летото 1968 година. Во 2024 година, песната може да слушне во свадбената секвенца на филмот од Тим Бартон, Битлџус Битлџус.

Личен живот

Thumb
Ричард Харис и Ен Туркел во 1977 година

Харис бил познат по неговиот бурен личен живот, вклучувајќи проблеми со алкохол, за што често бил во конфликт со филмските студија. Се женел двапати: со Елизабет Рис-Вилијамс (од 1957 до 1969), со која имал три деца, меѓу кои и режисерот Демијан Харис, и втор пат со Ен Туркел (од 1974 до 1982).[12]

Харис бил член на Витезите од Малта.[13]

Болест и смрт

Во август 2002 година, на Харис му била дијагностицирана Хоџкинова болест, наводно откако бил хоспитализиран со пневмонија.[14] Починал во Лондон, на 25 октомври 2002 година, на 72-годишна возраст.[15] Телото на Харис било кремирано, а неговата пепел била расфрлана на Бахами, каде што имал дом.[16]

Дискографија

Албуми

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads