Ријад
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ријад (арапски: الرياض / Ar Riyāẓ) е главниот град на Саудиска Арабија. Воедно, Ријад е најголем град во државата, како и главен град на покраината Ријад. Ријад е дел од историските региони Наџд и Јамама. Градот се наоѓа во центарот на Арапскиот Полуостров и тој е дом на околу 5,254,560 жители. Метрополитенската област Ријад има население од околу 7 милиони жители. Градот е поделен на 15 општински окрузи кои се под капата на општина Ријад и градоначалникот и гувернерот.
Градот лежи во „централниот коридор“ на Саудиска Арабија за развој, заедно со Бураида и Харџ во ријадската административна единица. Другите две области со концентрирано поголемо население се две крајбрежни области - околу Џида и Мека на Црвеното Море, и околу Џубаил и Дахран на Персискиот Залив.
Иако е многу сува областа во која е сместен градот, сепак паѓаат и дождови во мала количина. Пет брани ја собираат дождовницата. Има околу 96 бунари и 467 км цевкаст систем кој ја пренесува водата од центрите за отсолување на Персискиот Залив до градот.
Remove ads
Потекло на поимот
Името „Ријад“ потекнува од арапскиот збор الرياض и значи „градини“.
Поврзано
- Саудиска Арабија
- Градови во Саудиска Арабија
Надворешни врски
![]() |
„Ријад“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место Архивирано на 27 јануари 2009 г.
- Карта на Ријад Архивирано на 11 ноември 2012 г.
- Храна во Ријад Архивирано на 2 ноември 2011 г.
- Хотели во Ријад
- Неофицијален туристички водич за градот
- Директориум за Ријад Архивирано на 16 декември 2008 г.
- Фотографии и историја на Ријад Архивирано на 11 мај 2000 г.
- Патување во покраината Ријад
![]() | Оваа статија географијата на Саудиска Арабија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads