Родноверие

From Wikipedia, the free encyclopedia

Родноверие
Remove ads

Родноверие или „славјанство“ — современа неопаганска традиција која ги следи верувањата и обичаите на старите Словени. Најраспространето е во Русија, но може да се најде и во повеќето други земји од поранешниот СССР (главно во Украина).

Thumb
Громовити знацисимболи на врховниот словенски бог Перун

Во Република Македонија постојат само неколку симпатизери, но исто така метал групи кои типично се залагаат за националистички идеи.

Ова движење предизвикува голем број на шпекулации и расправии. Бидејќи старите Словени не развиле своја азбука пред христијанизацијата, сите пишани информации за словенската митологија се пренесени од втора рака поради што честопати им недостасува веродостојност. Затоа, голем број од информациите за словенската митологија се хипотези или теории и не може да се утврдат со целосна сигурност. Исто така, традицијава оставила голем број на фалсификувани извори, правејќи еден неред во научниот свет. Дури и светата книга на родноверието, Велесовата книга се смета за фалскификат. Сепак, некои ја сметаат за оригинален остаток од античкото словенско паганство во родноверниот свет.

Иако некои родноверни организации претпочитаат толеранција, постојат групи, особено во урбаните центри на Русија и Украина кои имаат националистички карактер и се отворено антисемитски или антихристијански.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads