Род (биологија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во биологијата, род (лат. genus, мн. genera) — ниж таксономски ранг со кој се класификуваат живите и изумрени организми.

ThumbДоменЦарствоКоленоКласаРедСемејствоРодВид
Разните нивоа на системот на научна класификација.

Зголеми
Зголеми
Хиерархијата на осумте главни таксономски рангови во биолошката класификација. Поситните меѓурангови не се прикажани.

Определувањето на членовите на родовите е работа на таксономите. Стандардите за родовите не се строго утврдени и затоа постојат разни класификации кај разни стручњаци. Во хиерархијата на биономната класификација, родот е над видот и под семејството.

Remove ads

Напатствија

Бидејќи не постојат строго утврдени правила за опишувањето на родовите, таксономите немаат јасни напатствија за тоа што може да припаѓа на еден род, а што на друг. Ова не значи дека таксономите не се согласуваат за тоа што е „добар“ род. На пример, биологот Гил дава некои приближни правила што се доста ефикасни.[1] Според овие правила, едне род треба да исполни три услови за да биде описно корисен:

  1. монофилија – сите потомци на еден таксон се групираат заедно;
  2. разумен степен на компактност – родот не треба да се проширува без потреба; и
  3. посебност – во однос на еволутивно релевантните критериуми, како на пр. екологијата, морфологијата или биогеографијата. Треба да се има на ум дека ДНК-низите се последица од, а не услов за раздвојување на еволутивните лози, освен во случаи кога непосредно му попречуваат на протокот на гени (на пр. понаследни пречки).
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads