Роненберг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роненберг (германски: Ronnenberg) — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 8 километри југозападно од покраинскиот главен град Хановер.
Remove ads
Географија
Местоположба
Роненберг се наоѓа во областа Каленбершки крај и се граничи со покраинскиот главен град Хановер, Хеминген, Шпринге, Венигзен и Герден (од североисток, надесно).
Градски единици
Роненберг се состои од следниве места:
- Бенте (со местото Зибен Трапен)
- Емпелде (каде се наоѓа Градското собрание)
- Име-Ролофен
- Линдерте
- Роненберг (каде е сместена дел од градската управа)
- Фери
- Вецен
Политика
Градски совет

Градскиот совет на Роненберг се состои од 34 членови. Ова е предвидениот број за општина/град со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители. Членовите се избираат на секои 5 години.
На изборите на 11 септември 2016 година бил избран следниов состав:
Градоначалник
Од 1 јануари 2014 година, градоначалничка на градот е Штефани Хармс (CDU). Била избрана на 6 октомври 2013 година со 52,8%. Излезноста на гласачите изнесувала 45,0%.
Список на градоначалници
До 2001 година функцијата градоначалник на градот била доброволна, поддржувана од градскиот директор. Во 2001 година обете места биле споени. Градоначалници на градот биле:
1969: | Вили Ралфес (SPD) | |
1969–1971: | Ернст-Георг Хипер (SPD) | |
1971–1981: | Артур Зомер (SPD) | |
1981–1986: | Херман Халер (CDU) | |
1986–1995: | Карл Крузе (SPD) | |
1995–1996: | Хорст Рудолф (SPD) | |
1996–2001: | Паул Вениг (SPD) | |
2001–2013: | Волфганг Валтер (SPD) | |
од 2014: | Штефани Хармс (CDU) |
Како градски директор во тоа време биле:
1969–1981: | Хорст Гинтер Хумбек | |
1981–2001: | Бернхард Липолд |
Збратимени градови
Роненберг е збратимен со следниве градови:
Remove ads
Познати луѓе
- Фриц Варнеке (1898-1968) — генерал-мајор
- Јоханес Вајнек (1915-2005) — војник
Галерија
- Градската црква
- Музеј
- Католичка црква
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads