Ѕвезден каталог
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѕвезден каталог — астрономски каталог кој се однесува на ѕвездите. Во астрономијата, многу од ѕвездите се означени со броеви. Постојат голем број на различни ѕвездени каталози кои се направени за различни цели во текот на годините, а овде ќе вклучиме само некои од најкористените. Повеќето каталози се достапни во електронска форма и може слободно да ги симнете од центарот за податоци на НАСА, но и од други места (видете ги надворешните врски на крајот).

Remove ads
Низ историјата
Првиот каталог на ѕвезди е составен од двајца Кинези астрономи Ши Шен и Ган Де, во 4 век п.н.е.[1] Ши Шен ја составил книгата Ши Шен астрономија (石申天文, Shi Shen tienwen), а Ган Де Астрономско набљудување на ѕвездите (天文星占, Тјенвен сјингџен).[2]
Во 2 век, Птоломеј објавил ѕвезден каталог како дел од неговата книга Алмагест, а во неа се вклучени 1.022 ѕвезди кои биле видливи од Александрија. Овој каталог се користел во западниот и арапскиот свет повеќе од илјада години.
Поголем број на ѕвездени каталози се печатени од исламските астрономи во средниот век.
Remove ads
Обележување според Бајер и Флемстид
Два система од историските каталози се останати до денешни дни. Првиот систем доаѓа од книгата на Бајер Уранометрија и се однесува на сјајните ѕвезди. Вториот систем доаѓа од книгата на Џон Флемстид Historia coelestis Britannica.
Целосни небесни каталози
Бајер и Флемстид забележале само неколку илјади ѕвезди. Теоретски, целосните ѕвездени каталози се обидуваат да ги забележат сите ѕвезди на небото. Постојат буквално илјадници милиони а можеби и билиони ѕвезди кои се видени преку телескоп, па според тоа оваа задача е невозможна.
HD/HDE
Каталогот HD е печатен во периодот 1918–1924. Го покрива целото небо до околу 9 или 10 магнитуда, и е посебен затоа што прв се обидува да го категоризира спектралниот тип на ѕвездите.
Белешки
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads