Ротонда (Солун)
античка знаменитост на Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ротондата во Солун (грчки: Ροτόντα) — претставува историски објект кој во текот на своето постоење бил користен за повеќе намени и тоа како гроб на императорот Галериј (грчки: Τάφος του Γαλέριου), црква посветена на Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου), џамија која се викала Султан Хортаџ (турски: Sultan Hortaç Camii) и повторно како црква од 1912 година.
Во 1988 година ротонда била вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО[1].
Remove ads
Историја


Изградбата на ротондата завршила кон 306 година. Постојат неколку верзии за намената на овој објект[2]:
- мавзолеј на Галериј[3];
- дел од дворскиот комплекс за официјални приеми;
- храм посветен на Сол Инвиктус, патрони на Диоклецијан и Галериј;
- храм во чест на божествата Кабири;
- храм на царскиот култ
Најверојатно, во времето на управувањето на императорот Теодосиј I Велики (379-395) или околу 400 година[4], објектот бил претворен во христијанска црква и неговиот првичен план бил изменет. Во тоа време била изградена купола (24,5 метри) на ротондата, од југоисток била доградена апсида, од западната страна - нартекс, зградата била опколена од деамбулаториум. Првично храмот, можеби бил посветен на Исус Христос или на архангелите. Во 5 век ѕидовите на црквата до основите на куполата биле обложени со шарени мермери, украсени со пиластри, корнизи, арки, итн. Од оваа декорација на храмот се чуваат фрагменти од мермерната говорница кој се наоѓа во Археолошкиот музеј во Истанбул.
Во 1591 година, по освојувањето на Солун од Турците, црквата била претворена во џамија од шеикот Сулејман Хортаџи ефенди[5]. Во овој период било изградено минаре како единственото преживеано кое постои денес во Солун од османлискиот период[6]. По ослободувањето на Солун од Турците во 1912 година во ротондата била претворена во музеј на христијанската уметност. По обновувањето на олтарот на храмот, на основата на договор со Министерството за култура, на големите празници во неа се врши богослужба. Во 1952 година била извршена реставрација на зградата и чистење на мозаиците. Во 1978 година зградата била зафатена од земјотрес, но набргу потоа била обновена.
Објектот започнал да се нарекува Свети Ѓорѓи во името на малата соседна црква, која е женски манастир на атонскиот манастир Григоријат. Се претпоставува дека во неа во 1590 година биле пренесени многу од иконите и другите реликвии од ротондата. Називот ротонда влегол во употреба најрано во 18 век.
Remove ads
Архитектура
Архитектонскиот тип на ротондата припаѓа на касноантичните објекти. Објектот целосно е изграден од тули, дебелината на ѕидовите е околу 6,3 метри. Објектот има купола со пречник 24,5 метри. Првично долниот дел на ѕидовите од внатрешната страна бил обложен со мермер, а горниот дел и куполата со мозаици. При реконструкцијата на ротондата во христијански храм (крајот на 4 век - почеток на 5 век) во конструкцијата биле направени следните измени[7]:
- за олтарот била проширена источната ниша, што довело до уништување на цилиндричната форма на ѕидовите и по земјотресот во 11 век источниот дел на куполата бил разрушен, а потоа биле додадени два потпорни ѕидови;
- околу првичниот ѕид на растојание од 8 метри бил изграден втор ѕид со помала висина, како резултат на што првичниот ѕид станал круг од столбови кои го разделуваат централниот простор на храмот;
- главниот влез бил пренесен од јужната страна на западната;
- внатрешните простории биле украсени со мозаици;
- од запад кон ротонда бил дограден неф.
Remove ads
Мозаици
По претворањето на објектот во христијански храм куполата била украсена со мозаици кои денес претставуваат еден од најдобрите примери на ранохристијански мозаици.
- Мозаикот на куполата преживеал само во неголеми фрагменти. Во куполата на ротондата на сребрена позадина е прикажан Исус Христос, кој носи златен крст. Медал со неговиот лик, опкружен со венец и ѕвезди кои го носат четирите ангели, меѓу кои се наоѓа феникс на палма - симбол на Воскресението, крст и две палми (симбол на Истокот). Композицијата, според мислењето на истражувачите, е сцена од Второто пришествие на Исус Христос пред Страшниот суд.
- Ѕидни мозаици
- Мозаик на Светите Козма и Дамјан
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads