Рудина (Свети Николе)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Рудинаархеолошко наоѓалиште во Свети Николе Претставува населба од римско време. Се наоѓа во јужниот дел на градот, на височинка што се издига на десната страна од патот кон железничката станица Овче Поле. На самиот врв има зарамнето плато, издолжено во правец север-југ, кое зафаќа простор од 300 × 150-200 м. Според кажувањето на мештаните, при обработувањето на нивите биле вадени камени блокови од темели на објекти, а биле најдени и повеќе монети од кои се зачувани само две,од царевите Проб и Диоклецијан. И денес на површината, освен градежен материјал, може да се сретнат и фрагменти од керамички садови. Значаен наод претставува фрагментот од мермерна плоча, со димензии од 23 × 20 × 5 см, на кој има релјефна претстава на сцена од жртвување. Наоѓалиштето е мошне опустошено со градежните работи за зградата на Електродистрибуција, а и со временските влијанија. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Св. Николе.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads