СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ — средно училиште во Гевгелија[1]. Училиштето е формирано на 7 јули, 1952 година кога неполната нижа гимназија со исто име прераснува во полна (осумкласна) гимназија, со решение на Советот за просвета, наука и култура при Владата на НР Македонија, а со работа започнува на 28 септември во новоизградена зграда кај Железничката станица.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во 1976 година извршено е интегрирање со Металското училиште „Ристо Поп-Ристов“ при што е формиран училишниот центар за средно образование „Јосиф Јосифовски“ со 19 паралелки во гимназиска и 6 паралелки во металска насока. Во 1977/78 година отворена е електро-насока, а во 1978/79 година и угостителска насока. Во тоа време биле застапени повеќе образовни профили од машинска струка: металостругари, бравари, машинобравари и машински техничари; во електро-струката: РТВ-механичари, електроинсталатери и електротехничари за слаба и силна струја; во угостителската струка: келнери и готвачи, а четврт степен хотелско-туристички техничар е воведен во 1989 година.
Гимназијата во 1982/83 според новиот концепт се трансформира во Биотехничка и Културолошка гимназија, а воведена е и економска струка.
Remove ads
Лична карта
Денес СОУ „Јосиф Јосифовски“ има површина од 3157 м2 кои опфаќаат: простории за раководната служба и наставниците, простории за ученички организации и библиотека, училници за општа намена кои имаат компјутерска техника, специјализирани наставни простории за информатика, угостителска и фискултурна сала и работилници. Училиштето има 48 простории, административни и простории за изведување настава.
Моментно во Училиштето учат 1005 ученици, во 40 паралелки од прва до четврта година, во следниве образовни профили:Економско трговска струка
Remove ads
Гимназиско образование
- општествено-хуманистичко подрачје, комбинација А (четврт степен)
- природно-математичко подрачје, комбинација А и Б (четврт степен)
Машинска струка
- автомеханичар-мехатроничар (четврт степен)
Угостителско-туристичка струка
Економско-правна и трговска струка
- економски техничар (четврт степен)
Учество на натпревари
Меѓународна Олимпијада по физика, Државен натпревар по македонски јазик и литература, Републички хорски смотри, Француска шансона, Државни натпревари по математика, физика, историја, биологија итн., Средношколска Олимпијада, Образовно рандеву, Матурски танц, МАССУМ, Струмички карневал, Гимназијада, Државен натпревар по „Техничка механика“ и „Автомеханичари“, Меѓународни и државни натпревари по туризам, послужувањеи готварство, Спортски натпревари по атлетика, ракомет, кошарка и футсал и други.
Remove ads
Освоени награди
Познати личности кои учеле во ова училиште
Познати личности кои предавале во ова училиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
