Саат-кула (Кратово)
саат кула во Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Саат-кула во Кратово — саат-кула во градот Кратово, една од шесте кули кои останале од средновековниот и турскиот период на градот. Се претпоставува дека е изградена во доцниот среден век (веројатно во 1372 г.)[1], а во текот на османлискиот период живееле богати турски бегови.
Градба
Кулата е ѕидана од клесан камен, којшто се вадел од околината на градот, а покривот е од камени плочи. Внатрешноста на кулите е поделена на 3 ката, од кои горните се со по еден балкон и одделенија за живеење. Прозорците се заштитени со железни решеткии и се со различни димензии, во долниот дел тие се потесни и издолжени, додека на погорните катови се пошироки.
Обнова
Во 2004 година со средства на Министерството за култура, кулата за првпат е делумно санирана, реконструирана и преуредена со мали поставки кои се наоѓаат на првиот и вториот кат, додека на третиот кат посетителите можат да одморат во удобна атмосфера гледајќи низ прозорците или од балконот кон средновековното Кратово.
Од 2008 година, Саат-кулата му припаѓа на градскиот музеј, кој управува со нејзе и се грижи за самата градба.
Remove ads
Музејска поставка
Во рамките на кулата се наоѓаат мала музејска поставка која го прикажува Кратово низ вековите.
Часовник
Часовникот на кулата одамна не е во функција и не постои никаков механизам за часовник внатре во кулата. Сепак поради тоа што некогаш постоел механизам со часовник во самата кула, оттаму самата кула го добила и своето име.[1]
Галерија
- Градбата сликана од улица
- Терасата на врвот на кулата
- Поглед кон самата кула
- Поглед кон самата кула
- Горниот дел на кулата
- Врвот во внатрешноста на кулата
- Знак за кулата
- Поглед на кулата
- Крајниот врв на кулата
- Кулата и околината во која се наоѓа
- Изложбен дел на кулата
- Изложбен дел на кулата
- Внатрешноста на влезот на тунелот под кулата
- Внатрешноста на влезот на тунелот под кулата
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads