Саат-кула (Крива Паланка)

саат-кула во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Саат-кула (Крива Паланка) — времемерно здание во градот Крива Паланка.[1]

Кратки факти Саат-кула Крива Паланка, Општи податоци ...

Била сместена на една височинка од десната страна на магистралниот пат кон Бугарија, кој поминува низ градот.

Историја

Се смета дека била изградена кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Поради дотраеност била урната во 1958 година.[1]

Архитектура

Имала квадратна основа и висина од 12 метри.[1]

Била изѕидана од камен дебел половина метар, а во внатрешноста воделе дрвени скали. Најгоре се наоѓал механизмот на часовникот и големо месингено ѕвоно. Механизмот бил поврзан со две дебели јажиња со тегови, кои наизменично се кревале и спуштале во дупка. За часовникот се грижел Али-бег, познат саатчија. Се навивал секои 24 часа.[2]

Обнова

Со обновата на административната зграда на Општина Крива Паланка, градот Крива Паланка повторно добил градски саат, кој бил поставен на врвот на новата зграда.[2]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads