Саат-кула (Неготино)

саат-кула From Wikipedia, the free encyclopedia

Саат-кула (Неготино)map
Remove ads

Саат-кула во Неготиносаат-кула во Неготино, подигната во почетокот на XIX век, поточно во текот на 1810 година,[1], од Хаџи Таир-ага Синан близу неговиот чифлиг. Тој го изградил и безистенот во Неготино, кој изгорел во пожарот од 1913 година.

Кратки факти Саат кула, Општи податоци ...

За историјата на кулата може да се прочита на натписи над влезот на кулата, кои се напишани на арапски јазик.

Remove ads

Изглед

Во основата, кулата е шестаголна, висока околу 15 метри, и е ѕидана исклучиво од камен, со блокови со дебелина од околу еден метар. Горниот дел завршувал со дрвена конструкција, во кој бил поместен саатот (подоцна урнат). Од западната страна се наоѓа влезот изработен од кршен камен со полукружен надвратник.

Конзервација

Во текот на 2015 година се појавиле планови за нејзина конзервација, по што се очекува објектот да биде и заштитен. Проектот за конзервација на саат-кулата во Неготино е во соработка помеѓу локалниот Музеј на град Неготино, општината и Министерството за култура на Македонија со средства во висина од 500 илјади денари.[2]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads