Сабота

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сабота е шестиот ден од седмицата, помеѓу петок и недела, и е неработен ден во Македонија, освен во исклучоци кои може да ги прави Владата на Република Македонија. Како неработен ден, сабота се поврзува со недела како викенд-денови. Во некои религии и култури тој е седмиот, последниот ден во седмицата.

Сабота како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Сабота, 13 јули“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[1]
  • „Сабота в село“ (италијански: Il sabato del villaggio) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.[2]
  • „Сабота“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[3]
  • „Сабота“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[4]
  • „Саботна ноќ“ (англиски: Saturday night) - песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts).[5]
  • „Саботно сонце“ (англиски: Saturday Sun) - песна на британскиот поп-рок музичар Ник Дрејк (Nick Drake).[6]
  • „Саботна книга“ (англиски: Book Of Saturday) - песна на британската рок-група King Crimson од 1973 година.[7]
  • „10.15 саботна ноќ“ (англиски: 10.15 Saturday Night) - песна на британската рок-група Кјур (The Cure).[8]
  • „Саботно утро“ (англиски: Saturday Morning) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1982 година.[9]
  • „Саботната ноќ е мртва“ (англиски: Saturday Nite Is Dead) - песна на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1979 година.[10]
Remove ads

Поврзано

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads