Сабрина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сабрина
Remove ads

Сабрина е филм од 1954 година режиран од Били Вајлдер. Во главните улоги се појавуваат Хемфри Богарт, Одри Хепберн и Вилијам Холден.

Кратки факти „Sabrina“, Режисер ...
Remove ads

Кратка содржина

Сабрина Ферчајлд (Хепберн) е младата ќерка на семејниот возач на семејството Лараби, Томас (Џон Вилијамс) и е вљубена во Дејвид Лараби (Холден) целиот нејзин живот. Дејвид пак, е мрзлив плејбој, луд за жени, кој никогаш не ја забележува Сабрина. Откако Сабрина посетува кулинарска школа во Париз, се враќа како многу привлечна и софистицирана жена и Дејвид веднаш е привлечен од неа. Линус (Богарт), Дејвидовиот брат кој е зависник од работа, го забележува ова и е уплашен дека венчавката на брат му со една многу богата жена што наскоро треба да се случи може да биде загрозена. А ако венчавката се откаже, тогаш отпаѓа и големата зделка со нејзиното семејство. Така, Линус се обидува да ја заведе Сабрина, но во текот на овој процес чија единствена цел е да ја одвои од брат му, тој се вљубува во неа.

"La vie en rose"

Во овој филм, Хепберн ја пее "La vie en rose" што во превод од француски значи "Живот во розово", најпознатата песна на француската пејачка Едит Пјаф. Мигот кога ја пее е непосредно по нејзиното враќање од Париз кога нејзиниот живот навистина станува порозов.

Remove ads

Зад сцената

Thumb
Одри Хепберн во Сабрина

Кери Грант бил првобитно повикан да ја игра улогата на Линус, но поради неговиот згуснат распоред, Хемфри Богарт ја наследил истата.

Во текот на продукцијата на филмот, Хепберн и Холден биле дел од една кратка, но страсна и медиумски покриена афера. Богарт пак се жалел дека на Одри ѝ се потребни многу снимања за да го изведе правилно својот дијалог, пред сè како плод на нејзиното неискуство. А сепак, како што подоцна се дознава, однесувањето на Богарт спрема Хепберн било многу подобро во споредба со неговото однесување спрема останатите холивудски ѕвезди.

Иако Едит Хед за костумите во филмот добил „Оскар“, всушност, најголем дел од фустаните се создадени од страна на Хуберт де Живанши и избрани од самата Одри Хепберн. Од овој филм започнува нивната долгогодишна соработка.

Remove ads

Награди и признанија

Thumb
Одри Хепберн и Вилијам Холден во Сабрина

Сабрина е номиниран за шест оскари.

Освоени:

  • Оскар за најдобра костимографија - Едит Хед

Важни Номинации:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads