Сава Осветениот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сава Осветениот (грчки: Σάββας ὁ Ἡγιασμένος; Кесарија, 439 – Ерусалим, 5 декември 532) — монах и светец.
Remove ads
Животопис
Роден е во 439 година во Кападокија, во христијанско семејство, од татко Јован и мајка Софија. На 17-годишна возраст станал монах.
Постојат документи што сведочат за учеството на Сава Осветениот во теолошките спорови што се воделе во Цариград пред и за време на Четвртиот вселенски собор. Сава, кој бил поканет од царот Анастасиј I, а на настојување на Ерусалимскиот патријарх, се покажал како доследен бранител на православието, што предизвикало незадоволство кај царот, поддржувач на монофизитите. По смртта на царот Анастасиј, а за време на владеењето на царот Јустин, спорот бил завршен и Сава се вратил во својот манастир.
Сава Осветениот е автор на повелбата именувана по него – Повелбата на Свети Сава – во која е регулиран редот на богослужбата и се опишани монашките традиции во палестинските манастири од 5 век. Напишана е под влијание на монашките повелби на Свети Пахомиј и Свети Василиј Велики.
Православната црква го слави овој светец на 18 декември според грегоријанскиот, односно на 5 декември според јулијанскиот календар .
Remove ads
Поврзано
- Манастир на Свети Сава Осветениот
- Млекопитателница
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads