Садевите (Мелница)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Садевите — археолошко наоѓалиште во прилепското село Мелница. Претставува населба од доцноантичко време.
Во местото каде Полчишки Дол се влева во Витолишка Река, на една пространа тераса што зафаќа површина од неколку хектари има голем број фрагменти од керамички садови, питоси, згура од топена железна руда и градежен материјал. На горниот крај на теренот има остатоци од темели на тврдина. На локалитетот се најдени повеќе византиски монети.[1]
Remove ads
Поврзано
- Стојанов Шопур — населба и некропола од средниот век;
- Црква Св. Димитрија — осамен наод од римското време;
- Пешта — населба од праисториското време;
- Мелница;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads