Сакара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сакара (арап. سقارة) е местото на древни гробишта во Египет, каде се наоѓа најстарата скалеста пирамида во светот (29.871264°N 31.216381°E). Се наоѓа на околу 30 километри јужно од денешен Каиро и зафаќа површина од 7 х 1,5 км.

Додека Мемфис бил главен град на древниот Египет, Сакара била негова некропола. Иако ја засениле кралските гробови во Гиза, а подоцна и во долината на кралевите во Теба, Сакара останала важна комплекс за помали погреби и церемонии на различни култови над 3.000 години, сè до птоломејските и римските времиња.
Скалестата пирамида во Сакара била изградена од Имхотеп за фараонот Џосер (околу 2667-2648 г. п.н.е.). Тоа е најстарата целосно сочувана камена зграда.
Музејотот на Имхотеп неодамна беше отворен на оваа локација (2006 година).
Remove ads
Ран династички период

Иако најстарите гробови на благородништвото во Сакара датираат од времето на Првата династија, сепак првите кралеви кои таму биле закопани биле од Втората династија, меѓу кои Хотепсехемви и Нинечер.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads